Трговијата на големо со фармацевтски производи е една од нашите основни активности. Секојдневно доставуваме лекови, медицински помагала и други производи онаму каде што се потребни преку нашиот дистрбутивен центар во Скопје.
Ние нудиме широк спектар на логистички услуги дизајнирани за поддршка на фармацевтски компании во спроведување на клинички испитувања. Ние обезбедуваме професионална услуга за клиенти и високо флексибилни кориснички решенија за да се осигураме дека пратките со клинички испитувања пристигнуваат до нивната наменета локација и пациентите, под неопходните услови и во температурниот режим.
Здравствените логистички услуги се состојат од прием, складирање, одвојување, пакување, дистрибуција и услуги со додадена вредност, како што е доработка на производите со внатрешни упатства. Нашиот пристап ни овозможува да креираме услуги според барањата на нашите клиенти.