Нашите брендови

Феникс Фарма

Како сигурен партнер на пациентите, аптеките и здравствените установи во Северна Македонија, веруваме дека одговорното однесување е од витално значење за одржливиот успех на компанијата.

Феникс Фарма ДООЕЛ е член на групацијата ФЕНИКС од 2010 година. Работи на пазарот во Северна Македонија како веледрогерија за лекови и други фармацевтски производи. Повеќе од една деценија, компанијата е активен учесник во здравствениот систем на Северна Македонија и еден од клучните фактори во обезбедување на континуитет во испораката на фармацевтски производи.

Соработува со сите клучни производители на фармацевтски производи во земјата и странство, а преку дистрибутивниот центар во Скопје снабдува болници, аптеки, здравствени домови и друго.

Таа е призната како лидер во својата деловна активност поради постојаните инвестиции во подобрување на процесот на снабдување, така што производите се достапни секогаш и секаде каде што е потребно.

Преку партнерската програма BETTY, ФЕНИКС Фарма обезбедува дополнителна маркетинг поддршка на аптеките под брендот BETTY.

Дистрибутивни центри:1
Број на вработени:90+
BETTY аптеки:120
Годишни испораки: 78.000
Вкупен капацитет за складирање:3.500 m2