Нашите брендови

Нашата лидерска позиција ја постигнавме преку нашите брендови со докажан квалитет и доверба. Затоа сме секојдневно присутни во сите сфери чија цел е здрава иднина.

PHOENIX Pharma

Феникс Фарма

Ние сме секојдневна поддршка на оние кои се грижат за здравјето на луѓето во Северна Македонија. Нашите дистрибутивни и логистички процеси се стандардизирани и дефинирани така што снабдувањето на нашите клиенти низ целата земја е брзо и сигурно. Преку нашиот контакт центар и преку партнерската програма BETTY, ние сме достапни за нашите клиенти така што нивната и нашата здравствена мисија може да одговори на најголемите предизвици.

Дознај повеќе

ЕЛ Фарма

Нашите активности, знаење и ресурси ги насочивме кон нашите странски партнери, нивно претставување и промовирање, обезбедувајќи највисоко ниво на професионална услуга на четири локални пазари. Нашиот широк спектар на услуги им овозможува на странските производители на лекови да влезат на регионалниот пазар и да допрат до локалните потрошувачи.

Дознај повеќе
BETTY Partnership Program

Партнерска програма BETTY

Групацијата ФЕНИКС, преку партнерски програми со аптеки низ Европа, нуди пристап до нови алатки за маркетинг и продажба и можности за развој во секојдневното работење на аптеката, со цел подобрување на усугата за пациентите, подобра деловна активност и позиционираност на пазарот.

Преку програмата за партнерство, групацијата ФЕНИКС обединува 13 брендови во 16 земји низ Европа со повеќе од 12.300 независни аптеки.

За фармацевтската индустрија, како и за независните аптеки, ваквите програми значат синергија на искуство и знаење, извонреден пристап во развојот на фармацевтски услуги и прилагодени решенија преку 13 силни локални брендови, од кој едниот е BETTY.

Дознај повеќе
LIVSANE A PHOENIX Brand

LIVSANE Феникс бренд

Групацијата ФЕНИКС има своја приватна марка под името LIVSANE, која е присутна на пазарите во регионот од 2015 година.

LIVSANE е ексклузивен бренд достапен само во аптеките со ознака BETTY, има широк асортиман на производи со врвен квалитет. Атрактивниот дизајн, препознатливоста на полиците, јасната порака и пристапните цени се епитети поврзани со LIVSANE.

Дознај повеќе