Соопштенија за печат

Групацијата Феникс со солиден раст во деловната 2020/21 година

  • Групацијата Феникс во пандемијата се покажа како столб на здравствената заштита
  • Пораст на приходот (28,2 милијарди евра) и EBITDA (653,4 милиони евра)
  • Развој/проширување на позицијата во фармацевтска големопродажба и малопродажба
  • Континуиран раст на најголемиот пазар во Германија
  • Фокус на дигитализација

Maнхајм, 27 мај 2021 – Групацијата Феникс во деловната 2020/21 година (31.01.2021), обележана со предизвици и пандемија на вирусот КОВИД-19, дополнително ја зацврсти својата водечка позиција во фармацевтската големопродажба и малопродажба во Европа. Компанијата го зголеми својот приход за 3,2 проценти во однос на претходната година, на 28,2 милијарди евра. Вкупниот оперативен перформанс, како клучен фактор во фармацевтската големопродажба кој се состои од остварените приходи и обрт, во овој период се зголеми за 4,0 проценти на 35,9 милијарди евра. Се состои од приходи од продажба и обемот на стока која е обработена. Добивката пред оданочување (EBITDA), се зголеми од 603,6 милиони евра на 653,4 милиони евра, што претставува зголемување од 8,3 проценти.

Успешна деловна година благодарение на вработените

Свен Зајдел (Sven Seidel), претседател на Управниот одбор на групацијата Феникс, истакнува: „И покрај големата флуктуација на побарувачката во текот на изминатата деловна година, успеавме да ги зголемиме приходите и резулататот. Во соработка со аптеките, успеавме со сигурност да одговориме на најголемата побарувачка дури и во време на пандемијата.“ Додава: „Благодарение на ангажираноста и посветеноста на нашите вработени во трговијата на големо и мало, успеавме да го одржиме снабдувањето и во најпогодените реагиони, дури и за време на врвот на пандемијата.  Групацијата Феникс со тоа ја зацврсти својата позиција како столб на здравствената заштита во Европа.“ Во деловната 2020/21 година ширум Европа повеќе од 39.000 вработени на групацијата Феникс го дадоа својот придонес во навремено снабдување со лекови и медицински производи.

Развој ширум Европа – зајакната позиција и во Германија

Групацијата Феникс како давател на здравствена заштита низ цела Европа, во деловната 2020/21 година во околу три четвртини од своите странски пазари бележи пораст во однос на претходната година. Со удел од 34,4 проценти во севкупниот приход (претходна година: 33,7 проценти), германскиот пазар имаше значителен придонес за позитивниот развој на бизнисот. Тука прометот во однос на минатогодишниот период порасна за 5,3 проценти или 491,9 милиони евра, на вкупни 9,7 милијарди евра.

Фокус на дигитализација

Дигитализацијата на здравствените системи која постојано напредува, а која дополнително се забрза со пандемијата на вирусот КОВИД-19, групацијата Феникс ја искористи за да ги подобри своите сестрани понуди за крајните потрошувачи и пациентите низ цела Европа. За таа цел, групацијата имплементираше дигитални услуги специфични за пазарот во голем број земји и ги подобри своите активности во е-трговијата. Така, на пример, групацијата Феникс во Германија воведе gesund.de, прва централна здравствена платформа во земјата.

Позитивни изгледи за деловната 2021/22 година

За тековната деловна 2021/22 година компанијата очекува пораст на приходите од продажбата благо над порастот на европските фармацевтски пазари. Се очекува пораст на приходот на речиси сите пазари во кои е застапена групацијата Феникс. Се прогнозира висината на профитот пред оданочување да го достигне нивото од прeтходната година.

 

Клучни бројки на групацијата Феникс во споредбасо минатата година

 

2019/20

вомилиони евра

2020/21

вомилиони евра

Вкупен учинок1

34.513,8

35.902,0

Приходи од продажба

27.322,8

28.209,1

Вкупен доход2

2.941,9

3.052,7

EBITDA

603,6

653,4

Профит по оданочување (пред Goodwill Impairment)

164,9

234,7

Сопствен капитал3

2.832,4

2.959,7

Квота на сопствен капитал (in %)3

29,9

28,6

Нето задолжување3

2.294,9

2.006,9

Вработени

39.013

39.532

(Датум на биланс на состојба 31.01.2021)

1 Вкупен учинок = приходи од продажбата + Handled Volume (стоковен промет со надомест за услуга).

2Вкупен доход = бруто доход + oстанат работен доход

3На денот на изработка на билансот на состојба 31.01.2020 oдн. 31.01.2021 година

 

Дополнителни информации за групацијата Феникс | www.phoenixgroup.eu

Групацијата Феникс со седиште во Манхајм е лидер во обезбедувањето на здравствени услуги во Европа. Активна во 27 земји, групацијата има единствена географска покриеност ширум Европа и со над 39.000 вработени дава важен придонес кон сеопфатната здравствена заштита. Визијата на групацијата Феникс е да биде најдобриот интегриран давател на здравствени услуги.

Групацијата Феникс себеси се гледа како врска помеѓу производителите и пациентите. Oд нејзината понуда на услуги подеднакво можат да профитираат фармацевтските производители, аптеките, лекарите, болниците, осигурителните друштва за здравствено осигурување и пациентите од цела Европа. Во фармацевтската големопродажба  групацијата Феникс е активна во 27 земји, со 161 дистрибутивен центар и ги снабдува аптеките и здравствените установи со лекови и фармацевтски производи. Бројните понуди и услуги за потрошувачите во аптеките - од поддршка во советувањето на пациенти, преку современи системи за управување со производите, па се до програмите за соработка со аптеки - го надополнуваат нашето портфолио на услуги. При тоа PHOENIX Pharmacy Partnership со своите околу 13.500 aптеки-членки формира европска мрежа која се состои од 13 програми за соработка и партнерство во 16 земји. Под услужната ознака „All in One“ групацијата нуди услуги за фармацевтската индустрија во целиот синџир на снабдување. Групацијата Феникс поседува преку 2.800 сопствени аптеки во 14 европски земји, а со самото тоа располага со обемно знаење и вештини во областа на фармацијата. Преку 20.000 вработени во аптеките годишно остваруваат повеќе од 155 милиони контакти со потрошувачите. Тие на пациентите им даваат околу 400 милиони пакети лекови и ги советуваат во врска со прашањата за лековите и општото здравје. (Состојба на ден: 31.01.2021)

 

Преземи слики

6 MB
[Translate to PHOENIX Pharma MK-MK:] Mannheim: distribution center in pharmaceutical wholesale

[Translate to PHOENIX Pharma MK-MK:] Mannheim: distribution center in pharmaceutical wholesale