Соопштенија за печат

Проширување на Извршниот одбор: Д-р Роланд Шуц се приклучува на групацијата Феникс како директор за ИТ и дигитализација

Групацијата ФЕНИКС ќе го прошири Извршниот одбор со вклучување на нова функција „ИТ и дигитализација“. Најголемата веледрогерија во Европа работи на дигитализација во областа на здравствената заштита, со цел унапредување на иновациите и трендовите во овој сектор.

Д-р Роланд Шуц ќе ја преземе новоотворената позиција директор за ИТ и дигитализација на групацијата ФЕНИКС на почетокот на 2021 година. „Дигитализацијата игра сè поважна улога во нашиот сектор. Со назначувањето на д-р Роланд Шуц за член на Извршниот одбор на групацијата ФЕНИКС, му го придаваме потребното значење на овој факт и го потенцираме нашиот стремеж да играме активна улога во дигитализацијата. Јас сум воодушевен што имам експерт со меѓународна репутација во оваа област, со долгогодишно искуство во една од најголемите германски компании “, изјави д-р Бернд Шејфеле, претседател на Надзорниот одбор на групацијата PHOENIX.

Д-р Шуц доаѓа во ФЕНИКС од групацијата Луфтханза, каде бил одговорен за ИТ-групите од 2017 година како директор. Физичар по професија, д-р Шуц извршувал разни раководни улоги во групацијата Луфтханза во последните 15 години, вклучувајќи ја и позицијата директор за информатички бизнис за најголемите деловни сегменти на Луфтханза карго и Луфтханза Пасаж. Пред тоа, д-р Шуц имал различни раководни позиции во организации за ИТ услуги во финансиската индустрија.

„Му посакувам топло добредојде на д-р Роланд Шуц во тимот на Извршниот одбор. Неговата сеопфатна ИТ експертиза и свесност за важноста на беспрекорното корисничко искуство ќе ни помогне да ја забрзаме дигиталната трансформација на Групацијата. Заедно со другите колеги од Извршниот одбор и нашите вработени, работиме неуморно да ги задоволиме потребите на нашите клиенти." изјави Свен Зајдел, извршен директор на групацијата ФЕНИКС. Со назначувањето на д-р Шуц на оваа позиција, Извршниот одбор на групата ФЕНИКС ќе се состои од шест члена.

Преземи слики

6 MB
[Translate to PHOENIX Pharma MK-MK:] Enlargement of the Executive Board: Dr Roland Schütz joins the PHOENIX group as Chief Information Officer

[Translate to PHOENIX Pharma MK-MK:] Dr Roland Schütz will be Chief Information Officer of the PHOENIX group